За нас

Почеток

Со распадот на СФРЈ и приватизацијата на голем број компании во Сојузна Р.Македонија, се создаваат услови за основање на претпријатие со услужна дејност - одржување на хигиена. Во февруари 1989 година, основано е СТЕД КОМЕРЦ како прво претпријатие за одржување на хигиена на ниво на републиката.
Идејата за основање на оваа компанија е добиена од искуството стекнато во Шведска, каде дејноста одржување на хигиена е застапена на многу високо ниво. Оттаму потекнува и самото име СТЕД.

Развој

Посветеноста, желбата за развој и континуираното усовршување на начинот на работа, современтата опрема и средства, прават компанијата полека да прерасне во една од водечките компании во областа.
Зголемувањето на менаџерскиот тим и усовршувањето преку посета на семинари, саеми и дополнителни обуки, допринесуваат за развојот.
Со постојано одржување на квалитетот на високо ниво и професионалниот однос на стручните кадри, бројот на задоволни клиенти се зголемува.

Успеси

Сертифицирана со стандардите ISO 9001, 14001 и 45001, опремена со современ возен парк, машини и опрема и еколошки средства, СТЕД КОМЕРЦ го задржува угледот како една од најпрестижните компании во дејноста.
Кадровската структура содржи високо квалификувани менаџери, контролори и хигиеничари од секаков профил, посветени на постигнување максимален квалитет.
Низ 35 години постоење, бројот на вработени надминува 200, бројот на клиенти надминува 10.000, а мотото: "Задоволниот клиент носи нов клиент" останува.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

Испратете ни порака, ние ќе ве побараме
Site is protected
by reCAPTCHA
Privacy - Terms